Синот на Робињо има 17 години и е желба на најсилните клубови

109
epa02768299 Brazilian national soccer team players Robinho plays with his son Robson Junior prior to the team's training session in Sao Paulo, Brazil, 05 June 2011. The Brazilian team plays a friendly match against Romania on 07 June, as a preparation to the America Cup. EPA/Sebastiao Moreira

Поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на Реал (М) и Манчестер Сити, Робињо, има 17-годишен син кој многу наскоро би можел да го наследи во еден од најголемите фудбалски клубови. Робињо Јуниор е млада ѕвезда на бразилскиот клуб Сантос, каде што го носи бројот 7, кој го носеше и неговиот татко.

Според UOL Esporte, Робињо Јуниор го привлече вниманието на скаутите на калчо гигантот Интер. Скаутите ќе дојдат и на неговиот следен натпревар, кога Сантос ќе го пречека Коринтијанс. Ова не е првиот клуб заинтересиран за младиот Робињо. Ливерпул и Челзи, исто така, се распрашаа во летниот преоден рок, но не беше постигнат договор.

Како и неговиот татко, Робињо игра на левото крило. Тој има шест настапи за првиот тим на Сантос оваа сезона, но сè уште не постигнал гол. Има постигнато три гола во лигата до 20 години во девет настапи.

Робињо постариот денес има 41 година и некогаш беше еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, познат по својата брзина и дриблинг. Има 100 настапи и 28 гола за бразилската репрезентација. Играше за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, кинескиот ГЗ Евергранде, турските клубови Сиваспор и Башакшехир и бразилскиот Атлетико Минеиро.

Двапати беше шампион на Шпанија со Реал, еднаш шампион на Италија со Милан, го освои шампионатот на Турција со Башакшехир и двапати беше шампион на Бразил со Сантос. Во 2007 година, ја освои Копа Америка со репрезентацијата, а моментално е во затвор поради обид за силување.

ИЗДВОЕНИ