Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, е обвинет за повеќе кривични дела, вклучително и силување, објави обвинителката Стурла Хенриксбе во понеделник. Обвинението дојде околу една година откако се појавија првите обвинувања за злоупотреба од страна на најстариот син на принцезата.
28-годишникот е обвинет по вкупно 32 обвиненија, вклучувајќи силување и тежок сексуален напад. Според јавниот обвинител, судењето веројатно ќе започне кон средината на јануари 2026 година. Тој се соочува со затворска казна до 10 години. Хоиби е син на принцезата од кратка врска со осуден криминалец што таа го имала пред нејзиниот брак со принцот Хакон, сега 51-годишен наследник на престолот. Иако Хоиби е член на семејството, тој нема кралска титула ниту јавна улога.
Синот на Ринцеза беше исто така приведен на 4 август 2024 година, откако беше обвинет за напад врз својата девојка (20) во нејзиниот дом. Исто така, имаше закани дека ќе ѝ ја запали облеката, а неговата девојка беше хоспитализирана поради потрес на мозокот. Мариус потоа помина 30 часа во притвор и се соочува со една година затвор. Во август, норвешките медиуми објавија дека полицијата пронашла и нож забоден во еден од ѕидовите на спалната соба. Борг Хоиби беше повторно уапсен во септември поради кршење на забраната за приближување. Да додадеме и дека во претходна изјава за медиумите, која ја испрати преку својот адвокат, Мариус призна дека страда од неколку ментални нарушувања и злоупотреба на супстанции.
„Се случи нешто што никогаш не требаше да се случи. Направив телесни повреди и уништување предмети во станот во пијана состојба по расправија и кокаин. Имам неколку ментални нарушувања, долга борба со злоупотреба на супстанции, за што сум се лекувал во минатото. Употребата на дрога и моите дијагнози не го оправдуваат она што се случи. Сакам да одговорам за она што сум го направил и ќе дадам искрена изјава во полицијата. Најважно за мене е да ѝ се извинам на мојата девојка. Таа не го заслужи она што се случи таа ноќ, ниту екстремниот притисок од норвешките и странските медиуми потоа“, рече тој претходно.