Синот на Болсонаро ја објави кандидатурата за претседател на Бразил

17
Фото: EPA/ANDRE BORGES

Флавио Болсонаро, најстариот син на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во петокот изјави дека ќе се кандидира за претседател на земјата следната година и ќе го спречи сегашниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва да освои уште еден мандат.

„Со голема одговорност, ја потврдувам одлуката на најголемиот политички и морален лидер на Бразил, Жаир Месиас Болсонаро, да ми ја довери мисијата за продолжување на нашиот национален проект“, напиша тој на социјалната мрежа „Икс“.

„Кога Болсонаро ќе каже нешто, тоа важи“, рече Валдемар Коста Нето, претседател на десничарската Либерална партија, потврдувајќи ја одлуката.

Иако официјалните кандидати на партијата нема да бидат избрани до следната година, Жаир Болсонаро сè уште има значително политичко влијание и покрај тоа што нема формална партиска улога и е во затвор.

Бразил треба да одржи претседателски избори во октомври 2026 година.

Претседателот Лула, 80, планира повторно да се кандидира и покрај неговата напредна возраст.

Лула владееше со најголемата земја во Латинска Америка од 2003 до 2011 година и се врати на функцијата за трет мандат на почетокот на 2023 година.

Флавио Болсонаро, 44-годишен сенатор, ја даде изјавата неколку дена откако го посети својот татко во седиштето на федералната полиција во Бразилија.

Жаир Болсонаро отслужува затворска казна од повеќе од 27 години откако беше осуден за обид за државен удар.

ИЗДВОЕНИ