EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер, одлучи во својот стручен штаб да го врати физиотерапевтот Умберто Ферара поради кој лани беше позитивен на допинг тест и мораше да паузира три месеци.

Минатата година Синер два пати падна на тестовите откако беше утврдено дека во неговото тело ја има недозволената супстанца клостебол. Тој објасни дека таа се нашла таму по масажа која му ја направил Џакомо Налди, но по препорака токму на Ферара, имајќи предвид дека двајцата работеа како негови физиотерапевти.

„Синер повторно го ангажира Умберто Ферара за свој физиотерапевт и таа одлука стапува на сила веднаш. Истата беше донесена во консултација со своите најтесни соработници како дел од подготовките за претстојните турнири, почнувајќи од Синсинати и САД Опен“, стои во објавата на официјалната страница на Синер.

Италијанецот пред неколку дена објави дека ќе го пропушти Мастерсот во Торонто поради замор, откако претходно ја осови титулата на Вимблдон со победа над најголемиот ривал Шпанецот Карлос Алкараз.

ИЗДВОЕНИ