Најдобриот италијанскиот тенисер, Јаник Синер минатите месеци се соочуваше со пад во формата и неколку разочарувачки настапи на големите турнири. Многу навивачи и експерти сметаат дека треба да му се даде простор и време, за да може полесно се врати на врвот.
Синер е познат по својата дисциплина, работна етика и силна ментална сила на теренот, но како и секој млад шампион, понекогаш му треба пауза од притисокот и вниманието на медиумите. Експертите потенцираат дека со правилен пристап, тој може брзо да ја врати својата препознатлива форма и повторно да биде светски рекет број еден
„Јаник е неверојатен талент, кој пред себе има долга и блескава кариера. Мислам дека треба малку да се оттргне од очите на јавноста и да се посвети на самиот себе.
Не му давајте толкаво значење на падот на неговата форма, тој наскоро ќе се врати уште посилен. Не е можно постојано да паѓа, затоа што е вистински професионалец и има одлична работна етика“, изјави поранешната тенисерка Лара Робсон.
Според неа, сега најважно е Синер да се концентрира на себе, на физичката подготвеност и на тениските детали што го прават подобар играч. Трпението на фановите и медиумите може да биде клучно, бидејќи со помалку надворешен притисок, тој има шанса повторно да ја покаже својата најдобра игра на терените. Враќањето на Синер на врвот не е прашање на талент, туку на време и континуирана работа.












