EPA/MARK LYONS

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата на мастерс турнирот во Синсинати, откако во финалето, светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер му го предаде мечот по само пед одиграни гема (5:0 за Шпанецот). Италијанецот имаше сериозни здравствени проблеми, не можеше да даде се од себе и реши да се откаже. Многумина беа разочарани од тоа, но и од начинот на кој го направи тоа, дури не чекаше до крајот на сетот за да избегне губење на нула.

После тоа, Италијанецот ја избегна прес-конференцијата, не се појави пред новинарите, но АТП испрати соопштение. Поточно, мини-интервју со него спроведено од луѓе од АТП кои внимаваа какви прашања поставуваат.

„Разочаран сум, се чувствував лошо од неделата, исто беше и во текот на ноќта. Мислев дека ќе можам да се опоравам и да дадам поголем отпор, но не го направив тоа. Се обидов да играм, поради навивачите, поради сè, тоа е единствената причина зошто излегов на теренот. Се случува, но не сакам ова да звучи како изговор и да му ја одземам победата на Алкараз. Тој имаше одлична недела, одличен турнир, сега само треба да се опоравам и да се подготвам за Отвореното првенство на САД“, рече Синер.

Во ова кратко интервју за АТП зборуваше и за тоа како имал позитивна недела во Синсинати, како го очекува неговото закрепнување и секако, темата беше претстојното Отворено првенство на САД.

EPA/MARK LYONS

„Моето ниво на игра е добро. Ги сакам грен – слем турнирите, тие се најголемите турнири во мојата кариера. Ќе биде тешко во Њујорк. Ако сум подготвен физички и ментално, тогаш ќе дадам се од себе да одам што е можно подалеку. Ќе имам неколку дена да се опоравам. Што се однесува до проблемите во играта, ќе морам малку да поработам на сервисот и да се опоравам за турнирот“, заклучи Синер, кој на овој начин практично меѓу редови рече дека нема да игра мешани двојки во Њујорк.

Во женска конкуренција на овој турнир триумфираше Полјачката Ига Швјонетек, откако во финалето ја победи Италијанката Јасмин Паолини со 7:5 и 6:4 во финалето. Натпреварот траеше еден час и 50 минути, а Швјонтек, која беше трета во светот пред Синсинати и го одзеде сервисот на Италијанката шест пати, додека Паолини, која беше деветта на ВТА листата пред почетокот на овој турнир, четири пати и направи брејк на Швјонтек.

Полјачката го освои турнирот без да загуби сет, а шесткратната шампионка на грен слем турнирите ја освои и рекордната 13-та титула на ВТА 1000.

Со оваа победа, Швјонтек ја освои 24-та титула во кариерата, исто така втора годинава по Вимблдон. По освојувањето на оваа титула, полската тенисерка ја престигна Коко Гауф и сега е втора тенисерка во светот, додека Паолини, со пласманот во финалето, ја престигна Аманда Анисимова и сега е осма на ВТА листата.

 

ИЗДВОЕНИ