
Италијанскиот тенисер Јаник Синер, нема да учествува на Мастерсот во Париз, како и на Дејвис купот што се игра по него. Тој откако математички остана без шанси да ја заврши годината на првото место, одлучи да го даде приоритет на своето закрепнување откако мораше да му го предаде натпреварот на Талон Грикспор во Шангај.
Тоа значи дека Синер ќе ја заврши сезоната без Мастерс титула, но со два грен слем трофеи од Мелбурн и Лондон во година обележана со тримесечна суспензија поради допинг.