Синер една година на чело на АТП – никој не може да го симне до август

212
epa12164798 Jannik Sinner of Italy reacts after losing his Men's final match against Carlos Alcaraz of Spain at the French Open Grand Slam tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 08 June 2025. EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Иако загуби од Карлос Алкараз во финалето од „Ролан Гарос“, Италијанецот Јаник Синер остана убедливо на првото место на АТП- листата со над 2.000 бода повеќе од шпанскиот тенисер.

Тој ја почнува 53. недела на чело и веќе комплетира една година како прв светски рекет. Она што е најинтересно за него е што никој не може да го симне од првото место најмалку до август, односно до мастерсот во Синсинати, кој се игра како предигра на САД Опен, но ако дотогаш забележи добри резултати на некои турнири, ќе остане на чело подолго време.

Во следните два месеца, тој ќе ги брани титулите во Хале (500) и во Синсинати (1.000), но има можност да профитира на Вимблдон и во во Монтреал, каде што лани испадна во четврт-финалето и брани вкупно 600 бода. Од САД Опен, ќе биде многу тешко за него, бидејќи во последните два месеца ќе брани четири титули на последните пет турнири, односно вкупно 4.830 бода. За разлика од него, Алкараз ќе брани само 50 бода во Квинс, но, исто така, ќе ја брани и титулата на Вимблдон, каде што се во игра 2.000 бода, а на американската турнеја, вклучувајќи го и САД Опен, ќе брани само 60 бода, што значи дека е можно во септември да дојде до промена на првата позиција на АТП-листата.

Што се однесува до другите тенисери, пад од три позиции забележа Тејлор Фриц, кој е сега на седмото место, а најголем скок забележа Томи Пол, кој се искачи на осмата позиција. Новак Ѓоковиќ забележа напредок од едно место и сега е петти тенисер во светот.

 

ИЗДВОЕНИ