Синдикатот на СУТКОЗ ја блокираше „Илинденска“

157

Вработените во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска го изразија својот револт преку блокирање на булеварот „Илинденска“, поради неисплатени плати.

Како што информираше Стојанче Кашиковски, раководител на Синдикатот на СУТКОЗ, на работниците во овие две фирми не им е исплатена платата за месец и се оставени без здравствено осигурување.

– За жал, нашите напори да се сретнеме со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ не вродија со плод и повторно наидуваме на еден игнорантски однос, и покрај тоа што од Советот на Град Скопје, пред 10 дена, беа изгласани субвенции во висина од 80 милиони денари за ЈП „Паркови и зеленило“. Очекувавме дека со тие субвенции ќе бидат исплатени овие две плати, меѓутоа вработените повторно останаа без плата – изјави Кашиковски.

Тој додаде дека недомаќинското работење на првиот човек на ЈП „Паркови и зеленило“, Јетон Бучи, довело до тоа работниците да ги бараат своите права преку протест и нагласи дека доколку во текот на наредните денови не им биде исплатена платата за јуни и за јули, вработените во „Флокаром“ и во „Луна“ ќе продолжат со блокирање на „Илинденска“ сѐ до исплата на платите на работниците.

ИЗДВОЕНИ