Син на политичар во БиХ усмрти три млади лица, пијан предизвикал тежок судир

207

Три млади лица ги загубија животите на 31 мај на патот Мостар – Чапљина, а денес е ден на жалост во Мостар. Марко Шљивиќ (28) беше приведен и поврзан со предизвикување на сообраќајната несреќа. Градоначалникот Марио Кордиќ најави дека Градот ќе направи сè што е можно за да им го олесни животот на семејствата во овие тешки времиња.

Според информациите од граничната полициска станица Маљевац, загинатите се Алмин Црналиќ (22), Далила Жугор (20) и Енис Куртовиќ (22), сите од Мостар и припадници на вооружените сили на БиХ.

Несреќата се случила кога автомобилот „Ауди А3“, во кој биле жртвите, се враќал кон Мостар, пишува „Вечерњи лист“.

Во несреќата учествувале три возила, вклучувајќи и комбе марка „Цитроен“ управувано од Џ. Ш. Возачот на другото Ауди, Марко Шљивиќ (28), е приведен и е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа.

Според извештаите на Радио Сараево, Шљивиќ бил пријавен за несовесно возење непосредно пред несреќата, а се верува дека неговото возило го предизвикало судирот во кој животот го загубиле три лица од друг автомобил.

Како што неофицијално дознава Hercegovina.info, нивото на алкохол во крвта на Шљивиќ по несреќата било измерено на околу 1,64 промили.

Марко Шљивиќ е син на Павa Шљивиќ, истакнат член на ХДЗ БиХ и поранешен шеф на кабинетот на поранешниот претседател на Федерацијата БиХ, Маринко Чавара.

ИЗДВОЕНИ