понеделник, јули 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Син го уби таткото кој бил пијан и ја тепал неговата мајка

Син го уби таткото кој бил пијан и ја тепал неговата мајка

0
Уапсен е скопјанец кој со нож го убил пијаниот татко.  Синоќа пред полноќ во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полицијата го уапси Б.Џ.(31) затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко. По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР

ИЗДВОЕНИ