Националниот парк „Пелистер“ денеска, во соработка со Општина Битола и институциите што се дел од системот за управување со кризи, ќе организираат симулациско- показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери. Вежбата ќе биде организирана на локално и на регионално ниво, на превојот Ѓавато, со почеток во 12:00 часот.

Цели на вежбата се: справување со пожар на отворен простор; увежбување на општинскиот штаб за заштита и спасување; целосна операционализација на инцидентот – команд-системот; организирање и вршење евакуација на населението; давање тријажа и прва помош на повредените, како и увежбување институционална кохезија, внатрешна и надворешна комуникација и координација меѓу институциите.

 

ИЗДВОЕНИ