Вечерва, 20 декември, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески одржува новогодишен концерт со кој прославува 25 години плодна кариера на домашната и на светската музичка сцена.
На концертот поделен во два дела, публиката има можност да го проследи настапот на ансамблот „Македонисимо“, Оркестарот на НОБ и концерт-мајсторот на Оркестарот Климент Тодороски.
Во првиот дел од концертот под диригентсво на Сашо Татарчевски, публиката можеше да чуе изведба на делата од композитори од Латинска Америка, како и дела инспирирани од Латинска Америка, а во вториот дел публиката уживаше и во дела во аранжман на Панде Шахов, кој специјално за концертот дојде од Лондон.
Фото:Ѕ.Плавевски
















