Маестро Симон Трпчески прослави 25 години плодна кариера со топла, заводлива и неодолива новогодишна латино-музичка идила/ФОТОГАЛЕРИЈА

421

Вечерва, 20 декември, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески одржува новогодишен концерт со кој прославува 25 години плодна кариера на домашната и на светската музичка сцена.

На концертот поделен во два дела, публиката има можност да го проследи настапот на  ансамблот „Македонисимо“, Оркестарот на НОБ и концерт-мајсторот на Оркестарот Климент Тодороски.

Во првиот дел од концертот под диригентсво на Сашо Татарчевски, публиката можеше да  чуе изведба на  делата од композитори од Латинска Америка, како и дела инспирирани од Латинска Америка, а во вториот дел публиката уживаше и во дела во аранжман на Панде Шахов, кој специјално за концертот дојде од Лондон.

Фото:Ѕ.Плавевски

 

ИЗДВОЕНИ