И додека сите чекаме нови вести поврзани со здравствената состојба на најдобриот во историјата во Формула 1, Михаел Шумахер, протече мегаскандал во куќата на познатото семејство. Имено, како што пренесуваат бројни светски медиуми, пријател на синот на Михаел Шумахер се соочува со сериозни обвиненија за силување на една медицинска сестра која се грижи за легендарниот Ф1 возач, и тоа – во неговиот дом!
Неименуван австралиски возач, близок пријател на синот на Шумахер, Мик, е обвинет за силување на медицинска сестра додека престојувала во нивниот семеен дом во Гланд, Швајцарија, тврдат обвинителите.
Обвиненијата датираат од 2019 година, но дури сега излегоа на виделина, како што објави весникот „24 часа“, а пресене „Сан“. Според обвинителите, возачот, кој е во доцните триесетти години, престојувал на имотот на Шумахер и во алкохолизирана состојба ја силувал медицинската сестра во спалната соба на горниот кат.
Наводната жртва е медицинска сестра која има околу 30-ина години и која се грижела за германскиот великан по сериозната несреќа која му се случи на скијање во 2013 година. Иако името на обвинетиот не е објавено, извештаите сугерираат дека тој е професионален возач на едносед. Ниеден член на семејството Шумахер не е вклучен во обвинувањата.
Што се однесува до состојбата на Михаел Шумахер, останува строго чувана семејна тајна, при што само на три лица им е дозволен пристап до неговиот дом на Мајорка. Минатата година имаше гласишта дека тој присуствувал на свадбата на неговата ќерка Џина, но ова подоцна беше демантирано.
Семејството се соочи и со обид за уцена, откако поранешен вработен украл приватни снимки и се обидел да ги продаде под закана дека ќе ги објави доколку не му бидат платени 12 милиони фунти. Три лица беа осудени за нивната улога во случајот, но Корина верува дека казните не биле доволно строги.
Михаел Шумахер останува еден од најуспешните возачи во Ф1 на сите времиња, со седум титули и 155 места на подиумот.