Силно невреме се заканува во Македонија: Во очекување на поројни дождови, грмежи и силен ветер!

83

Под влијание на атмосферски фронт од север и од северозапад, денес (недела 14 септември) во попладневните, вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) и во понеделник наутро во Македонија ќе дојде до поголемо дестабилизирање на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места, особено во северната  и во источната половина од нашата Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за локална појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, тоа значи да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења  и со услови за локална појава на град.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

ИЗДВОЕНИ