Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за време на обилните дождови во бугарското одморалиште Елените на Црното Море, објави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов.
Тој понатаму изјави дека лицето кое починало било во соба на приземјето од неговата куќа кога пристигнал првиот голем бран. „Ова е голема катастрофа во која мора да преземеме сите потребни мерки за надминување на последиците“, нагласи Митов, пренесе бугарската агенција „БТА“.
Митов ги повика луѓето да „не се спротивставуваат и да се евакуираат“, истакнувајќи дека нема точен број на оние кои сè уште не се евакуирани. „Во моментов нема кризни точки на брегот на Црното Море и се надеваме дека нема да има. Во контакт сме со Националниот институт за метеорологија и хидрологија за да обезбедиме јасност во врска со претстојните обилни дождови и да бидеме подготвени да одговориме на секоја опасност“, рече бугарскиот министер.
Шест жени, од кои три се полски државјанки, беа евакуирани од одморалиштето. Теренските возилата не беа во можност да пристапат до поплавените згради. Спасувачки екипи се испратени од градовите Несебар и Поморје, додека нуркачи и специјален амфибиски брод работат на местото на настанот.
Порано денес, градоначалникот на југоисточниот бугарски град Бургас, Димитар Николов, прогласи делумна вонредна состојба, која ќе биде на сила до 6 октомври, откако обилни врнежи од дожд и силни поплави погодија неколку области. Мерката се однесува на Бургас, Рибарското село, селото Маринка и комплексот вили Черници, каде што за 12 часа наврнале повеќе од 250 литри дожд на квадратен метар, според локалната хидрометеоролошка станица.
Мост во областа Черници се урна, блокирајќи го пристапот до областа каде што се наоѓаат вилите. Во округот Крајморје, врнежите достигнаа 186 литри на квадратен метар, додека во Рибарското село се регистрирани 117 литри на квадратен метар.
Локалните власти го ограничија сообраќајот во Рибарското село и областа Черница, додека копнениот пристап до рибарското пристаниште Крајморје е затворен, а пет брода се превртеа. Општинскиот кризен штаб на Бургас е свикан за да ги координира мерките за итни случаи и да надгледува евентуална евакуација на најпогодените подрачја.
Граѓаните се повикуваат да останат дома и да избегнуваат патувања додека не се стабилизира ситуацијата.
Продължава евакуацията на хора във вилно селище Елените, видя репортер на БТА. Хората се извозват с коли на „Гранична полиция“ и МВР до кметството на Свети Влас.
Осигурено е всичко необходимо за евакуираните, каза за БТА кметът на Свети Влас Иван Николов.https://t.co/N0KEoyesRA pic.twitter.com/zAZNdFIoji— Българска телеграфна агенция (@BTAnewsBG) October 3, 2025