среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Силниот ветер откорна кров во основно училиште во Гевгелија/ФОТО

Силниот ветер откорна кров во основно училиште во Гевгелија/ФОТО

14
Фото: ЦУК

Поради силен ветер, летната лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се откорна. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот е пријавен на единствениот број за итни повици 112.

Фото: ЦУК

Среќа во несреќата е што нема повредени лица. Интервенција побарале службени лица од МВР, како и надлежните институции.

– За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки во согласност со своите надлежности – соопшти ЦУК.

ИЗДВОЕНИ