понеделник, март 2, 2026
Дома СВЕТ Силна експлозија во Бејрут/ВИДЕО

Силна експлозија во Бејрут/ВИДЕО

79
EPA/WAEL HAMZEH

Неколку воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут откако израелската војска објави нов бран напади врз цели на Хезболах и издаде предупредувања за евакуација.

Снимките од социјалните мрежи покажаа густи облаци од чад како се издигаат од погодената област, додека државната телевизија објави четири израелски напади врз јужните предградија на либанскиот главен град. Нападите се случија откако Хезболах испука ракети кон Израел во зори.

Дописничка на Би-Би-Си од Бејрут објави дека силна експлозија се слушнала во градот во областа Дахие, упориште на Хезболах. Експлозијата, според нејзините зборови, била толку гласна што звучела како да се случила во самиот центар на главниот град.

Во исто време, американската амбасада во Авкар ги предупредуваше вработените да се засолнат и да се држат подалеку од прозорците.

ИЗДВОЕНИ