Претседателката Гордана Силјановска Давкова по гласањето изјави дека очекува мирно заокружување на локалните избори и апелираше за итно посветување на работа по завршување на изборниот процес.
„Имавме европски избори. Очекувам мирен изборен ден со којшто ќе се заокружат локалните избори и итно фрлање на работа.“
Таа изрази верба дека граѓаните ќе ја искористат својата граѓанска должност:
„Верувам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искористат своето избирачко право, гласајќи по сопствено уверување!“












