Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен е регистриран денес во западна Турција во регионот Баликешир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (AFAD).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ регионите на Мраморното и Егејското море.
Епицентарот на земјотресот во Турција бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликешир, објави TRT Haberler.
Земјотресот е регистриран во 19:53 часот по локално време, а според изјавите на жителите, земјотресот бил силен и траел 10-20 секунди.
Засега нема официјални извештаи за евентуални штети и дали има повредени.