Во Романија вечерва е регистриран земјотрес со јачина од 4,6 степени, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри од Лопатара и 63 километри од градот Бузау во регионот Влашка, на длабочина од 125 километри.
Земјотресот бил почувствуван во Романија, Молдавија и Украина.