Силен земјотрес во Италија почувствуван и во Хрватска и Словенија

71
Фото: screenshot EMSC

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Италија утрово во 9:27 часот по локално време, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според достапните податоци, епицентарот е регистриран на длабочина од 22,9 километри, а потреси се почувствувале и надвор од Италија, вклучувајќи делови од Хрватска и Словенија.

„Почувствував како креветот малку се движи“, напиша еден корисник од Италија на веб-страницата на ЕМСЦ.

Земјотресот го почувствуваа и жителите на Словенија. „Бев во кревет на повисок кат и веднаш се помести. Сфатив дека е земјотрес. Траеше пет секунди или помалку, ништо посебно“, вели еден од корисниците на веб страницата на ЕМСЦ,

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ИЗДВОЕНИ