Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска околу два часот во Грција, објави ЕМСЦ.
Епицентарот бил 20 километри југозападно од островот Касос, источно од Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 64,4 километри, објави „Катимерини“.
Земјотресот беше почувствуван во близина на Крит, како и на островите Родос и Кос, како и во некои делови од Турција, а како претпазливост беше издадено предупредување за цунами.