Силен земјотрес ја погоди западна Турција, почувствуван во Истанбул и Измир

36

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција денес во 12:59 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според турските медиуми, потресот бил почувствуван во Истанбул и Измир, како и на многу други места во регионите на Мраморното и Егејското Море. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри, на 15 километри од Симав и 71 километар од Ушак, во близина на Кутахја.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека по земјотресот „немало несакани настани“. Експертите предупредија дека бидејќи нема активен расед на површината во областа, по толку силен земјотрес, можни се последователни потреси до пет степени според Рихтеровата скала.

ИЗДВОЕНИ