Силен земјотрес ја погоди Турција

52

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала пред околу еден час ја погоди Западна Турција, сооштија од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

На овој земјотрес му следат и уште неколку последователни и се движат со јачини од 2 до 3 степени според Рихтер.

Како што пишува во деталите за земјотресот, неговиот епицентар е на околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во Западна Турција.

Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Ако се погледне табелата на ЕМСЦ, може да се забележи дека тлото во Западна Турција не престанува да се тресе.

Така, на овој земјотрес му следат и уште неколку последователни и се движат со јачини од 2 до 3 степени според Рихтер.

ИЗДВОЕНИ