Силен земјотрес ја погоди Сицилија

30

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 06:07 часот, во областа на Сицилија, Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот се наоѓал 151 километар западно од Палермо и бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ИЗДВОЕНИ