Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
По силниот земјотрес издадено е предупредување за цунами на Камчатка и на Курилските Острови, изјави гувернерот на рускиот регион, Владимир Солодов.
- Сите служби во регионот Камчатка се ставени во состојба на висока готовност, а во моментов нема информации за евентуални штети или сериозни повредени, рече Солодов.
Според Руската геофизичка служба, епицентарот се наоѓал на 123 километри од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 46,8 километри.
Според пресметките на регионалното Министерство за вонредни ситуации, се очекува брановите во населените подрачја да бидат „не повисоки од 26 сантиметри во општинскиот округ Алеутски, не повисоки од 37 сантиметри во општинскиот округ Уст-Камчатски и не повисоки од 9 сантиметри во урбаниот округ Петропавловск-Камчатски“.
Највисоки бранови се можни во областа на ’ртот Мајачног и плажата Халактирска – до 120 сантиметри.
На жителите им е кажано да се држат подалеку од брегот.
Гувернерот ги повика граѓаните да останат смирени и да обрнат внимание на информациите од официјални извори.