Силен земјотрес, со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, беше почувствуван во 5:53 часот наутро во Реџо Калабрија, а бројни извештаи доаѓаа од Месина и други области на Сицилија и Калабрија, објавува „Анса“.
Епицентарот, според веб-страницата на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, беше во морето покрај Јонското крајбрежје на длабочина од 65 километри, вели агенцијата.
Според веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала беше во Јонското Море 62 км источно од Реџо Калабрија на длабочина од 58 километри.












