Епицентарот на земјотресот се наоѓа во областа со географски координати 38.0011 географска ширина и 22.046 географска должина, јужно од Патра на Пелопонез.
Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 21:48 часот во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓа во областа со географски координати 38.0011 географска ширина и 22.046 географска должина, јужно од Патра на Пелопонез.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.












