Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20:59 часот во Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 156 километри од Елбасан, во близина на границата со Грција.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.












