Силен земјотрес го погоди Крит, потресот почувствуван во повеќе земји

51

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Крит рано утрово во четврток, предизвикувајќи потреси на земјиштето низ источниот Медитеран. Земјотресот се случил во 6:19 часот наутро по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил северно од Крит, на длабочина од приближно 69 километри, во близина на градот Агиос Николаос, оддалечен околу 59 километри.

Европските власти издадоа предупредување за цунами по земјотресот.

Засега нема информации за штети или повредени, но грчките служби за итна помош и сеизмолози продолжуваат да ја следат ситуацијата.

Потресите не ја погодија само Грција – тие беа почувствувани и во околните земји, вклучително и делови од Кипар, Израел и Египет. Граѓаните пријавиле ненадејно, но силно тресење кое ги разбудило од сон.

„Сè се тресеше во секунда, бучавата и вибрациите ме разбудија – иако траеше кратко, беше интензивно“, вели еден сведок на веб-страницата на EMSC.

ИЗДВОЕНИ