Силен земјотрес го погоди Кипар: Камења и карпи се тркалаа по ридовите

81

Кипар денес беше погоден од земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил 44 километри западно од Лимасол и 13 километри источно од Пафос, на длабочина од 17 километри.

Граѓаните во паника истрчале на улиците, а според како што сведочат камења и карпи се тркалале по ридот. Жителите на Лимасол велат дека земјотресот бил „почувствуван многу добро“ во зградите.

„Лустерите се тресеа, мебелот се тресеше. Ние сме на првиот кат и никогаш не се случило вака“, напишаа жителите на платформата на EMSC.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

ИЗДВОЕНИ