Силен ветер ја урна 24-метарската реплика на Статуата на слободата во Бразил/ВИДЕО

100

Силни ветрови ја соборија репликта на Американската статуа на слободата висока 24 метри во Бразил, објавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа била сместена пред продавница на синџирот продавници „Хавана“.

Информацијата ја потврди градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната.

Тој, исто така, објави дека нема повредени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.

Според првичните информации, силниот ветер и налетите, кои во некои моменти достигнувале и до 90 километри на час, предизвикале структурата да се навалува, а потоа да падне на земја.

Скулптурата заедно со постаментот има вкупна висина од 35 метри, а статуата висока 24 метри била оштетена при падот.

На уривањето му претходеше црвено метеоролошко предупредување, издадено од локалните власти поради опасни временски услови. Цивилната заштита на сојузната држава Рио Гранде до Сул активираше итни протоколи и испраќаше предупредувања директно до граѓаните преку мобилни уреди, со апел да останат во затворени простории и да ги обезбедат домовите.

ИЗДВОЕНИ