Силен ветер ја сопре жичницата на Водно

28

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.

Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП.

ИЗДВОЕНИ