Утре претпладне во земјава ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на места ќе надмине 60 километри на час.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат во снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри.
Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, додека дневните ќе се задржат под нулата.
Во Скопје, утре претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Локални снежни врнежи ќе има и во недела, со засилен северен ветер.












