Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во повеќедневна посета на САД, објави дека присуствувала на приемот што американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го приредиле по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).
„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат. Благодарност за гостопримството!“, пишува Сиљановска-Давкова во објавата на Фејсбук.