Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на маргините на Самитот на НАТО во Хаг заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имаше куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.
По средбата таа рече дека Џеј Ди Венс кажал дека би можел да ја посети нашата земја.
-Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство.
Остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко, напиша Сиљановска-Давкова на Фејсбук каде што се објавени и фотографии од средбата со Трамп на која присуствувал и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.