Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на младите: Мора да им овозможиме учество на младите во управувањето со сегашноста

15

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку социјалните мрежи информираше дека денеска денот заедно го поминала заедно со младите, односно со ученици и со средношколци, по повод Меѓународниот ден на младите.

„Прекрасно поминат ден во Охрид по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите. Тие ги презентираа своите ИТ-вештини, како и талентите во сликарството, танцот и музиката. Најуспешните средношколци ги споделија искуствата од школувањето и плановите за иднината, а учесниците во меѓународната размена информираа за позитивните искуства од посетата, истакна претседателката.

За сите, како што вели во објавата, важна претпоставка за младинското учество во процесот на одлучувањето е донесувањето на измените на Законот за младинско учество и младински политики.

„Охрид ќе биде поубав, доколку се искористат знаењето, умот и талентот на младите луѓе, како носители на нови идеи. Возрасните мора да им овозможат на младите учество во управувањето со сегашноста, ако сакаат подобра иднина, додава Сиљановска-Давкова.

ИЗДВОЕНИ