Сиљановска-Давкова ги прими уметниците кои ќе го отворат „Охридско лето“

49

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими уметниците коишто со својот настап денеска ќе го отворат 65. издание на фестивалот „Охридско лето“: американската пијанистка Клер Хуангчи и диригентот Едвин Аутвотер, како и танчерите Клаудија Ракел Да Силва Мартинс и Рафаел Португуеса, предводени од директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, во придружба на селекторите Симона Ѓорчева и Ненад Витанов.

Претставниците на фестивалот ја информираа претседателката за програмата на 65. Охридско лето, предочувајќи ја нејзината разновидност и квалитет.

„Охридско лето веќе шест и пол децении ги обединува музиката, театарот и уметноста“, рече претседателката и додаде дека „секој изведувач испишува уникатна приказна во историјата на фестивалот“.

Гостите од Соединетите Американски Држави и од Португалија, освен благодарност за поканата да учествуваат на овој реномиран настан, искажаа и воодушевување од убавините на Охрид.

ИЗДВОЕНИ