Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

10

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија, без оглед на, како што изјави, заканите од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сијарто на прес-конференција, коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, унгарската нација и Унгарците што живеат во Закарпатска“, објави „МТИ“.

„Јасно е дека Унгарија и Унгарците се третираат како непријатели“, рече Сијарто.

Тој додаде дека Украинците „со години ги одземаат и ги газат правата на Закарпатските Унгарци“.

„Овие закони резултираа со палење на црква и претепување до смрт на Унгарец кој не сакаше да оди во војна и да учествува во бесмислен масакр. Во овој поглед, заканите на претседателот Зеленски само потврдуваат дека тој нè смета за непријатели“, додаде Сијарто.

Тој нагласи дека „без оглед на заканите што ги упатува претседателот Зеленски, Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ.

Како одговор на обвинувањето дека унгарската влада е поврзана со пожарот во црквата во Палаѓи-Комаривце во Палаѓикоморок, Сијарто рече дека „кога унгарскиот народ ги обвинува Унгарците за напад на Унгарци…тоа јасно покажува дека Украинците имаат свои луѓе во унгарската политикаа, па дури и меѓу таканаречените експерти и аналитичари кои се платени да го шират украинскиот наратив“.

 

ИЗДВОЕНИ