вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ Сијарто: Унгарија има намера да ја оспори одлуката на ЕУ за забрана...

Сијарто: Унгарија има намера да ја оспори одлуката на ЕУ за забрана на испораките на руски гас пред Европскиот суд

104

Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана на испораките на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто нагласи дека Унгарија смета дека постапките на Советот на ЕУ се нелегални, бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што беше објаснето со проценката дека станува збор за трговско прашање, а не за санкција.

Унгарија и Словачка не можеа да ги искористат своите права на вето поради ова, и ние ќе се жалиме пред Европскиот суд на правдата, изјави Сијарто во интервју за телевизијата „М1“, пренесува „Тасс“.

ИЗДВОЕНИ