Унгарија и Словачка ќе поднесат барање до Судот на правдата на Европската Унија за поништување на регулативата RePowerEU со која се забранува увозот на руски енергетски производи и ќе побараат суспензија на нејзината примена за време на постапката, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Сијарто изјави дека Брисел сака следната недела да стави на гласање регулатива со која би се забранил увозот на руска нафта и гас во ЕУ, што, како што рече, би спречило стабилно снабдување со енергија на Унгарија и Словачка и би довело до нагло зголемување на цените, објави MTI.
„Оваа регулатива претставува сериозна правна измама, бидејќи јасно е мерка на санкции, која би морала да се усвои едногласно. Таа е спротивна на самите договори на ЕУ, кои јасно предвидуваат дека енергетската политика е одговорност на земјите-членки, како и на претходните проценки на Европската комисија“, изјави Сијарто.












