Сијарто: Укинувањето на американските санкции врз Додик е одлична одлука

330

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, изјави дека укинувањето на американските санкции врз избраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, кој, како што изјави, направи многу за односите меѓу Репунблика Српска и Унгарија, е одлична одлука.

„Се надевам дека сите европски колеги ќе ја разберат пораката од оваа одлука“, рече Сијарто на платформата „Икс“.

Министерството за финансии на САД денес ги укина санкциите врз Додик, српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, како и други поединци и компании што беа воведени за време на претходната американска администрација.

ИЗДВОЕНИ