Сијарто: Прекинат дотокот на руската нафта во Унгарија – „ова не е наша војна“

128
EPA/MOHAMED HOSSAM

Протокот на руска сурова нафта кон Унгарија е прекинат откако Украина ја нападна трансформаторската станица на гасоводот што води кон Унгарија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто го окарактеризира нападот како „скандалозен и неприфатлив“, предупредувајќи го Киев дека е зависен од унгарските снабдувања со електрична енергија.

Владата на Орбан во Будимпешта ја критикуваше вклученоста на Западот во помагањето на Украина и нејзината одбрана од руски напади, настојувајќи од почетокот на војната да ги одржува односите со Москва, и покрај членството во НАТО и Европската унија (ЕУ).

Унгарија беше единствената членка на ЕУ што не потпиша изјава за поддршка на Киев пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин и се спротивставува на амбициите на Киев да се приклучи кон блокот.

Украинските вооружени сили минатата недела објавија дека ја нападнале нафтената пумпа Унеча во регионот Брјанск во Русија, од која Унгарија се снабдува преку гасовод.

Сијарто рече дека рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин му рекол дека руските служби работат на враќање на снабдувањето, но дека не може да гарантира точен датум.

– Три и пол години, Брисел и Киев се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во војната во Украина. Овие повторени украински напади врз нашето снабдување со енергија служат за истата цел – наведе Сијарто на X, пишува Б92.

– Да бидам јасен: ова не е наша војна. Ние немаме никаква врска со тоа и сè додека сме на власт, Унгарија ќе остане надвор од неа. Конечно, потсетник до украинските донесувачи на одлуки: електричната енергија од Унгарија игра витална улога во снабдувањето на вашата земја…

ИЗДВОЕНИ