петок, февруари 6, 2026
Дома СВЕТ Сијарто: Повеќето членки на ЕУ се подготвуваат за долгорочна војна во Украина

Сијарто: Повеќето членки на ЕУ се подготвуваат за долгорочна војна во Украина

132

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Брисел и повеќето земји-членки на ЕУ се подготвуваат за долгорочно продолжување на војната во Украина.

„Тие не се заинтересирани за успехот на мировните преговори, но се подготвени да испратат илјадници милијарди форинти во Украина“, рече Сијарто на прес-конференција по неформалната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, пренесува МТИ.

Според него, ЕУ и повеќето земји-членки се подготвени да издвојат десетици милијарди евра пари од европските граѓани за да може Украина да купи оружје, да ја финансира својата армија и да го одржи функционирањето на државата.

ИЗДВОЕНИ