Сијарто остро: „Украина носи само војна и мафија, Западен Балкан е подготвен за ЕУ“

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро ја осуди одлуката дека Украина е поподготвен кандидат за членство во ЕУ од земјите од Западен Балкан.

56
EPA/WAEL HAMZEH

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес во Бања Лука го потврди противењето на владата на Виктор Орбан кон евентуалното приближување на Украина кон членство во ЕУ, додавајќи дека за неговата земја единствено важно е земјите од Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ.

„Европската интеграција сега звучи како лоша шега ако Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ од Западен Балкан. Земјите од тој регион се подготвени и би придонеле за економскиот развој на ЕУ, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.

Тој нагласи дека стабилноста и мирот на Западен Балкан се од најголема важност за Унгарија. Дестабилизацијата во јужна Европа, нагласи Сијарто, би имала трагични последици за националната безбедност на Унгарија. Тој најави дека Унгарија ќе продолжи да ја зајакнува соработката со Република Српска, а притоа не ја спомена Босна и Херцеговина.

Унгарскиот министер за надворешни работи требаше да допатува во Бања Лука со воен авион, но министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез го забрани летот, обвинувајќи ја унгарската влада дека ја поддржува политиката на Милорад Додик која го доведува во прашање опстанокот на БиХ. Сијарто поради забраната слета со изнајмен цивилен авион.

ИЗДВОЕНИ