среда, јануари 28, 2026
Дома СВЕТ Сијарто остро се спротивставува на влезот на Украина во ЕУ: „Тие би...

Сијарто остро се спротивставува на влезот на Украина во ЕУ: „Тие би донеле војна“

13
EPA/WAEL HAMZEH

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија.

Тој, коментирајќи ја изјавата на неговиот украински колега, Андреј Сибиха, за „Европската вистина“ дека „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ“, потврди дека тоа е „целосно точно“.

– Нема ништо ново за нас во фактот дека Андреј Сибиха не е наш пријател, тој нè мрази и нè напаѓа. Сепак, во интервјуто на министерот имаше една фраза со која целосно се согласуваме: „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ“. Ова е сосема точно – напиша унгарскиот министер на Фејсбук.

Тој додаде дека додека сегашната унгарска Влада е на власт, „Украина нема да биде членка на Европската Унија, бидејќи Украинците ќе донесат војна во ЕУ“.

Според него, приемот на Украина во ЕУ би значело дека оваа земја ќе биде финансирана од европските даночни обврзници, а како резултат на тоа европската економија би била во загуба.

-Нашите земјоделци би банкротирале поради украинското жито со низок квалитет, а нашата земја би станала транзитен центар за украинската мафија. Но, додека сме на власт, тоа нема да се случи – рече унгарскиот министер.

Според него, затоа Украина се меша во претстојните унгарски парламентарни избори и е заинтересирана за победа на опозициската партија Тиса.

На изборите на 12 април ќе биде одговорено на прашањето за мир или војна, Унгарија или Украина – рече Сијарто.

Претходно, унгарското Министерство за надворешни работи го повика украинскиот амбасадор во Будимпешта за да му предаде протест поради мешањето на Украина во изборниот процес во Унгарија.

ИЗДВОЕНИ