Сијарто: Многумина ќе сторат сè за да го спречат мировниот самит во Будимпешта

225

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека очекува многумина да сторат сè што можат за да го спречат мировниот самит САД-Русија во Будимпешта и да ја блокираат секоја шанса за мир во Украина.

Претседателите на САД, Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, минатата недела се согласија во телефонски разговор да се сретнат во Будимпешта за да разговараат за постигнување мир во Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да присуствува на планираниот самит САД-Русија, но не ја гледа Будимпешта како „најсоодветно место“.

„Однапред рековме дека многумина ќе сторат сè што можат за да го спречат мировниот самит во Будимпешта и да ја блокираат секоја шанса за мир“, рече Сијарто во објава на платформата X, објави MTI.

ИЗДВОЕНИ