
Сијарто потсети дека неодамнешните извештаи јасно покажаа дека украинската влада е „исклучително корумпирана“:
„Се покажа дека значаен дел од европските пари ги украла воената мафија во Украина“, рече тој.
Сијарто остро ја критикуваше ЕУ што не побрала сметка за трошењето на средствата што ѝ се доделени на Украина од европските фондови“, пренесе МТИ.
„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен напиша писмо до лидерите на земјите членки“, објавувајќи како свршен чин дека испраќаат речиси 100 милијарди евра во Киев. Се што таа сака да знае е дали европските земји би го платиле тоа директно од своите буџети или дали би се задолжиле со земање кредит да го покријат тоа“, истакна тој.
Како што наведе, Брисел сака да ги даде сите пари на Украина, но дека за тоа е потребна согласност од сите члени на ЕУ.
„Тие знаат дека тоа нема да успее додека ние сме на власт“, порача Сијарто.
Според него, таквите планови можат да бидат остварени само ако унгарската влада е согласна со нив.
„Едно од најважните нешта на маса на избореите следната година е токму ова“, заклучи Сијарто.
Украинската министерка за енергетика Светлана Гринчук и министерот за правда Герман Галушчено поднесоа оставки минатата недела откако нивните имиња се појавија во истрагата на украинското антикорупциско биро за проневера во државната компанија „Енергоатом“.











